Сите погледи се свртени кон Мишел Обама!

28 септември 2015

Првата дама на САД Мишел Обама викендов го разбранува Интернетот, кога се појави во фантастична црна Вера Ванг тоалета на традиционалната Кинеска вечера во Белата Куќа.

За свечената вечера таа одбра црна тоалета од Ванг, тесна во горниот дел и благо проширена во интересен волуменозен карнер надолу.

Првата дама на САД мамеше погледи и со нејзината долга црна коса, која овојпат беше навиткана и префрлена на едната страна, а што се однесува до шминката, таа се одлучи за smokey eyes и нежен кармин.

Подеднакво прекрасна беше и првата дама на Кина, Пенг Лијуан која се одлучи за традиционален, свилен фустан во сина боја со светкави детали по површината.

Вечерата беше во чест на кинескиот претседател Кси Јинпинг, а на истата присуствуваа голем број политичари, амбасадори и бизнисмени од сите делови на светот.

 

Објавено:
28 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.849 пати