Сите зборуваат за комбинезоните на Џеј Ло

12 септември 2017

Латино дивата Џенифер Лопез периодов настапува во Лас Вегас. Магазинот „Пејпр“ неодамна објави специјално издание посветено на ѕвездите што ќе направат Вегас да свети уште посилно.

На таа фото-сесија Џеј Ло се појави во провокативно и светкаво издание, како да сакаше да го најави тоа што следи на сцената.

Публиката на нејзиното шоу насловено како „All I Have“ посведочи на вистински спектакл што пејачката им го овозможи во секоја смисла.

На сцената смени неколку провокативни стајлинзи, за кои се зборува и ден потоа. Тие што биле присутни ќе кажат дека пејачката е вистински оган, додека оние што ги видоа фотографиите, уште еднаш си потврдија дека таа навистина умее да владее со сцената и совршено го разбира шоу-бизнисот.

 

Last nights show... #redhot #Vegas #ALLIHAVE

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onSep 10, 2017 at 9:56pm PDT

Серијата комбинезони започна со транспарентен во беж нијанса и светкави камења, за да продолжи со уште неколку сè поблескави и смели. Заедно со Бијонсе, Џеј Ло стана синоним за ваков сценски стајлинг, а во продолжени погледнете зошто бурните реакции не стивнуваат.

 

Објавено:
12 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.016 пати