Сите жени на „Златен глобус“ ќе носат црно

18 декември 2017

Еден од најголемите скандали што секако ја одбележаа оваа 2017 година беше оној за режисерот Харви Вајнстајн.

Жените жртви конечно се охрабрија да прозборат за ужасот што го преживеале. Од срамежлива исповед, до лавина признанија и домино ефект за Вајстајн, оваа приказна секако остави белег во Холвиуд.

Сочувствувајќи се со жртвите и давајќи поддршка за нивната храброст, како и во знак на протест против сексуалното насилство и злоставување врз жените, сите жени што ќе бидат дел од годинашното издание на „Златен глобус“ ќе носат црни креации.

Идејата потекна од мала група актерки, кои одлучија на тој начин да покажат солидарност со своите колешки, но сега зазема големи размери.

„Акцијата се прошири многу бргу и речиси сите номинирани актерки, како и останатите жени учеснички во манифестацијата ќе учествуваат во неа. Сите стилисти кои веќе ги одбраа стајлинзите за своите клиентки ќе ги заменат за црни“, вели анонимен извор за „Ју-Ес Викли“.

Сепак, сè уште не е јасно кои се актерките што ќе учествуваат во овој „протест“. Ако судиме по листата на номинации, од оваа акција ќе бидат дел и Мерил Стрип, Џесика Честеин, Хелен Мирен, Ема Стоун, Никол Кидман, Рис Витерспун и други.

Покрај ова, во медиумите денеска одекна и веста за дека на САГ Наградите (што ќе се одржат на 21-ви јануари), ќе бидат ангажирани само женски презентери, со цел да се даде акцент за гласот на жената во Холивуд.  

„Ова е година на жените. Ова обединувачки поздрав до сите жени кои беа храбри и говореа јасно за она што го преживеале“, вели извршниот продуцент на САГ наградите, Кети Конел.

Инаку, за потсетување, новото 75-то издание на „Златен глобус“ е закажано за 7-ми јануари.

 

Објавено:
18 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
807 пати
Извор: 
Elle