Сити Мол со роденденски попуст ги почести посетителите со полноќен шопинг

5 октомври 2013

По три месеци откако за прв пат беше организиран полноќен шопинг од големиот број брендови во градскиот Сити Мол, синоќа се случи реприза на настанот, но по повод една година од отворањето на трговскиот центар.

 

И овој пат скопјани беа максимално расположени да купуваат на попуст и уште еднаш за оваа цел чекаа во ред за да го купат омиленото парче.

Секој бренд имаше своја попуст програма, а познатиот македонски моден бренд  „Елена Лука“ направи неверојатна попуст распродажба на уникатни парчиња од  добро познатите колекции „Далга“ и „Fashion Force“.

Македонската жена како и секогаш заинтересирана за совршените форми на „Елена Лука“, ја искористи оваа можност по поволна цена да купи дизајнерско парче и да го збогати својот гардеробер. Но, во продажниот салон на овој бренд попустите не завршија со полноќниот шопинг, туку продолжуваат и во наредните денови.

 

Тимот на „Елена Лука“ ве очекува, затоа искористете ја можноста да бидете модерни и уникатни носејќи  дизајнерско парче, а притоа да ја погледнете и да си одберете модел и од новата колекција.

 

Објавено:
5 октомври 2013
Категорија: 
Актуел