Скарлет Јохансон со секси насловна ќе го прослави 29 – тиот роденден

23 ноември 2013

Скарлет Јохансон дефинитивно е една од најсекси актерките во светот. Ова таа го докажа и со последната насловна за мексиканскиот Вог, каде се појави во секси бел фустан и интензивна шминка.

Со оваа насловна таа ќе го прослави нејзиниот 29 – ти роденден. Во фотосесијата за магазинот може да се види и нејзиниот прекрасен дијамантски прстен со кој шармантниот Французин Роман Даурак неодамна ја побара за жена.

Таа изгледа навистина неверојатно и со нејзината добро позната фризура и прекрасните дијамантски обетки кои даваат дополнителен сјај на насловната за празничното издание на Вог.

Дел од фотосесијата за магазинот е направена во хотелска соба во винтиџ стил во црна долна облека и... ништо друго. Во интервјуто, актерката многупати е споредена со единствената Мерлин Монро.

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Актуел