„Скриени приказни“ на накит на Ксенија Котев

8 април 2016

„Радио бар“ е местото каде оваа сабота со почеток од 19 часот, Ксенија Котев ќе ја презентира својата нова колекција насловена „ Hidden stories “ (Скриени приказни).  Се работи за нереални филигрански форми на накит.

Овојпат Котев го зграпчи сонот што на јаве го сонува (Catch a dream) во ритамот на отчукувањето на срцето (Heartbeat) како сребрена жица што се движи под огнот формирајќи филигранска булка во расцветување (Blossom) на распнатата душа. 

-Ѕвездите паѓаат полека (Falling star) но поблиску од кога било, 3, една по друга и време е (Time) да се замисли желба (Wish), навистина време е да се „распрсне“ искрата (Spark) на соништата (Dreams), време да бидам, време е да си замислам желба, време е да заборавам но, не и да простам“- вели Котев.



Посакувањата (Desires) се заробени во меури (Bubbles), меур на вечниот сон на непосаканото - посакување (Latch) со сребрени солзи леејќи се (Teardrop) ја изградија круната (Crown) на оваа колекција.

Две во едно,(Two into one) за сите црни посакувања на еден или друг начин (One way or another) на веќе познатата (Curve 9) магијата (Spell) е веќе фрлена на вечното заведување, сијамски поврзани со една круна на главите спречени да го видат одразот на среќата.


Како вели и самата дизајнерка, новата колекцијата ќе ве доведе до момент на искушение, а тоа е најслатко, па сите што се расположени за доза грев, нека бидат дел од ова случување.

Објавено:
8 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
359 пати