Следната Мет гала со една од најконтроверзните теми...

7 август 2017

Еден од најпрестижните и најгламурозните настани во модната индустрија е традиционалната Мет гала што секоја година во мај, во музејот „Метрополитен" во Њујорк, го организира етаблираната модна уредничка Ана Винтур.

Фото извор: irenebrination

Годинава, настанот беше во знакот на јапонската дизајнерка Реи Кавакубо, а темата која е веќе најавена за следната година, важи за една од најконтроверзните до сега: односот помеѓу модата и религијата.

Колку што е веќе познато, дизајнери кои ќе учествуваат со свои креации во контекст на односот помеѓу модата и религијата, се: Долче и Габана, Прабал Гурунг, Рикардо Тиши, како и Џон Галијано кој практично беше изолиран од модниот свет во 2011 година поради неговиот антисемитистички испад.

Очекуваме возбудливо издание на Мет гала 2018.

Фото извор: irenebrination

Објавено:
7 август 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
479 пати