Со дизајнерски кукли против семејно насилство

24 јуни 2014

fs-wall-of-dolls01

Иако во Милано во центарот на вниманието е модната недела за мажи, која завршува денеска, голем број од граѓаните, но и луѓето од светот на модата се вклучуваат во акција наречена „Ѕидот на куклите“.

Ѕидот е поставен како поддршка за жените жртви на семејно насилство, со апел да престане овој тип на злоставување. Преку педесет интернационални модни брендови и дизајнери вклучувајќи ги Ева Кавали, Мисони, Етро, Трусарди, се согласија да земат учество во проектот за човекови права, кој го организира асоцијацијата Интервита. За таа цел креираа кукли кои ги изложија на Ѕидот во Културниот центар. Инсталацијата е отворена за сите оние што се во Милано и сакаат да бидат дел и да си закачат кукла во знак на поддршка.

Куклата на Ева Кавали Куклата на Ева Кавали

куклата на Мисони куклата на Мисони

куклата на Трусарди куклата на Трусарди

куклата на Антонио Марас куклата на Антонио Марас

Куклата на Колмар Куклата на Колмар

куклата на Ермано Скервино куклата на Ермано Скервино

куклата на Етро куклата на Етро

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Актуел