Реномираната хрватска дизајнерка Матија Вуица со колекција вечерни фустани го прослави 35 годишниот јубилеј работа на модната сцена. 

Колекцијата беше прикажана во рамки на Cro-a-Porter, во Хрватскиот народен театар во Загреб на чии даски совршено се вклопија дизајните на Вуица. 

Публиката имаше можност да ужива во колекцијата елегантни вечерни фустани по кои дизајнерката е и позната, а креациите беа поделени во четири категории: бела и романтична, црна и мрачна, огнена и црвена и златна и светкава. 

Пред самиот крај, ревијата беше надополнета со балетска претстава спојувајќи ја модата и уметноста и прославувајќи два големи поводи – 35 годишнината од постоењето на брендот и бомбардирањето на Хрватскиот народен театар.

 

 

Објавено:
6 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
250 пати