Сопственикот на Топшоп сексуално ги злоставувал вработените

29 октомври 2018

Членот на британскиот парламент, Лордот Питер Хајн и официјално го обвини сопственикот на Топшоп, Филип Грин дека сексуално и психички злоставувал дел од своите вработени за што им плаќал и ги натерал да потпишат договор.

Имено, тој го искористи неговото пратеничко право и јавно го идентификуваше бизнисменот откако скандалот некое време ѝ беше познат на британската јавност, но не се знаеше за кој всушност се работи.

Фото: Compelo

Многумина ја поздравија одлуката на пратеникот и Парламентот јавно да се објави името на бизнисменот за што ќе кажат дека токму таквите работи прават граѓаните да веруваат во правдата и институциите.

Голем број новинари се упатија кон домот на сопственикот на Топшоп да побараат коментар за случајот, а сосема нормално, тој ги отфрлил сите обвинувања и не сакал да коментира понатаму.

Фото: Sky News

Со оглед на тоа што кралицата Елизабета му ја додели титулата „Сер“, медиумите пишуваат дека голема е веројатноста истата да му биде одземена, секако, ако се докаже дека тој е виновен.

Фото: Sky News

Имено, скандалот се истражува повеќе од осум месеци за кој се знаеше само дека угледен британски бизнисмен злоставувал дел од своите вработените на сексуална и расистичка основа и за истото им плаќал подолго време и ги терал да потпишат договори во кои пишувало дека никогаш нема да говорат за приказната во јавност.

Целата приказна ја објави познатиот британски весник Телеграф чии новинари месеци наназад го истражуваат скандалот.

Инаку, денеска на Твитер се јавија и обожавателите на Бијонсе чија колекција Ivy Park е на продажба во Топшоп, истата да ја повлече и да ја прекине соработката со компанијата. За тоа, пејачката сè уште не дала коментар.

Фото: Irish Independent

Магазинот Sky News денеска пишува дека експерти потврдиле дека е мала веројатноста популарноста и вредноста на брендот да падне поради скандалот со сопственикот.

Иако речиси сите купувачи до кои тие се обратиле изјавиле дека ако се докаже дека тој е виновен, ќе престанат да купуваат во продавниците, експертите не сметаат дека тоа ќе се случи.

Фото: Tatler

Тие објаснуваат дека може да се случи истото со фабриката во Бангладеш која снабдуваше со облека голем дел од британските продавници, а колабираше и настрадаа илјадници луѓе, но наместо да пропадне, продажбата на нивните парчиња се зголеми.

Како резултат на овој случај, експертите за Sky News велат дека можно е истото да се случи и со Топшоп, но останува да видиме каков ќе биде резултатот од битката помеѓу Филип Грин и Лорд Хајн.  

Извор: Buro 24/7, Sky News, Telegraph

Објавено:
29 октомври 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
666 пати