Создадена и најгрдата боја на светот

27 мај 2016

Pantone 448C или „opaque coucè" e службеното име на бојата прогласена за најгрдата боја на светот.

Од „Пантон“ институтот за боја велат дека бојата е мешавина од маслинесто-зелена и каки, а тие што не ја сакаат велат дека ги потсетува на нечистотија, талог, смрт.

Сепак, без разлика што е најгрда, има хуманитарна цел. Имено, владата во Австралија ангажираше агенција за истражување на пазарот, со цел да се зголеми борбата против пушење.

Задачата на агенцијата секако била да се испита јавното мислење и да се пронајде најгрдата боја на свет, која потоа ќе се аплицира на кутиите за цигари. Испитувањето се вршело три месеци, со седум студии и повеќе од 1.000 редовни пушачи.

Една од целите е сите произведувачи на цигари да користат иста амбалажа.

Покрај веќе споменатата, во изборот за најгрда боја се најдоа и лимета, боја на сенф, но и беж, бела и сива.

А кога сме веќе кај сивата и кај „Пантон“, дизајнерот Џејсон Ву посака да има своја боја, а институтот му го овозможи тоа. Така, во Пантен палетата бои од неодамна има и „Џејсон Ву сива“ (Grey Jason Wu), која ќе биде доминантна во неговата најнова колекција што треба да се појави во јуни.

-Си помисливме, ова е колекција именувана по боја. Ќе биде навистина супер да соработуваме со „Пантон“ да ни направи нијанса по порачка. А кога размислувате за бои, „Пантон“ е еден од страндардите, нешто што го користиме на дневна основа – вели дизајнерот.

Нијансата што Ву ја имал на ум, е нешто што ќе рефлектира колекција со едноставна и лежерна елеганција.

-Оваа „Сива“ линија ме потсетува на омилената маица или џемпер. Тоа е мојата омилена боја – потенцира Џејсон.

Бојата е добиена со мешавина од 90 проценти бела и малку сина, што ќе се користи и на кесите за пакување, визит-картите...

Ова не е првпат во „Пантон“ да добијат барање за создавање на посебна боја. Тоа веќе го направија компаниите „Tiffany&Co“ и“ и „UPS“.

Колекцијата на Џејсон Ву ќе биде лансирана следниот месец и ќе биде за лето 2016 година, а цената на парчињата ќе се движи од 295 до 1.395 долари.

Објавено:
27 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.264 пати