Средовечни жени се фотографираа по примерот на Шерон Стоун

24 август 2015

Откако Шерон Стоун му покажа на светот како може да изгледа одлично жена во своите 57 години и со тоа предизвика сензација во медиумите, нејзиниот пример го повторија неколку „обични" жени.

Три читателки на магазинот Daily Mail (сите на возраст од 57 години) беа инспирирани од храбриот едиторијал во кој сензуалната актерка се фотографираше целосно гола за Harper's Bazaar, па направија нивни фотографии со идентична идеја.

Инспирирани од клутниот филм "Basic instinct", црно белите фотографии на кои трите жени позираат голи, испраќаат единствена порака: жените не треба да се срамат од нивното тело.

Секоја од нив има своја приказна:

Мерседес Јошиока, професорка по танц: Мојата коса веќе е сива, но не ги изгубив струкот и силуетата!

Силвија Диганст, автор на детски книги: Брчките не се нешто од што треба да се срамиме!

Сузан Форбс, пилатес и јога инструктор: Кому му е грижа што не сум повеќе 21 година?!

Објавено:
24 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.971 пати