Четири години Fashionel

Среќен 4-ти роденден „Фешнелци“!

18 април 2017

Често знаеме да се насмееме на сопствена сметка кога меѓу себе се обраќаме со „Фешнелци". Како да сме изградиле свој микрокосмос, свет што ги рефлектира нашите идеи, соништа, амбиции, место каде единствените правила што постојат се нашите. Така некако сосема природно, како белег на препознавање, сите што на било каков начин оставиле дел од своето „јас" низ нашите содржини, се наши „Фешнелци". Тоа годи и некако те прави да се чувствуваш посебен...

Привилегија е во медиумскиот простор каде новинарската етика и есенцијалниот морал се длабоко затрупани под евтината „војна" за „лајкови", да го имаш пред себе целиот бесконечен хоризонт на творење, препуштен на твојата креативност и новинарска страст да раскажеш приказна, јавноста да ја запознаеш со нов лик, да пишуваш и за не толку „популарни", а значајни теми, на својата публика да ѝ откриеш нови светови, да актуелизираш заборавени прашања што секогаш отвораат интересни дискусии... После четири поминати години да пишуваш за мода, тема за жал резервирана за последните страници или без резервација воопшто, е привилегија. Ако „лошата вест е добра вест“, во  нашио микрокосмос ги следиме нашите правила, - „крајот" е приоритет и секогаш на почетокот на денот...

Драга Елена, ти благодариме за твојата визија што препозна дека соништата може да станат вистински!

Среќни, убави, фантастични, возбудливи, понекогаш и напорни, а секогаш интересни – четири години Fashionel!

Среќен роденден „Фешнелци"!

 

Објавено:
18 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
204 пати