Среќни празници со Есте Лаудер...

25 ноември 2014

Прекрасната Каролин Марфи повторно се најде во главната улога на празничната кампања на козметичкиот бренд Есте Лаудер за 2014 година. Како и секогаш, шармантната Каролин изгледа прекрасно во впечатлива црвена тоалета со впечатлива шминка и едноставна лежерна фризура.

Со оглед на тоа што веќе е вистинско време за да почнете да размислувате што ќе им подарите на најмилите, во продолжение прочитајте го интервјуто со раскошната Каролин и што таа ви препорачува за празниците. Како и секогаш, празничната понуда на Есте Лаудер е навистина одлична и буквално има за секој по нешто!

Кој е вистинскиот изглед соодветен за празниците што вие го практикувате?

Чиста кожа со нагласен црвен кармин и маскара! Го обожавам Estee Lauder Pure Color Envy lipstick, а овие празници задолжително пробајте го Insolent Plum карминот, бидејќи виолетовото е новото црвено оваа зима!

Твоите пет празнични задолжителни производи за убавина...

-Pure Color Envy Sculpting Lipstick in ‘Envious’

-Estée Lauder Glittering Stars Powder Compact

-Sumptuous InfiniteDaring Length + Volume Mascara

-Pure Color Intense KajalEyelinerin Black

-Pure Color EnvyScultpingEyeShadow in ‘Rebel Metal’

Што е она најубавото за тебе во празничниот период?

Ги обожавам празниците – зимските специјалитети, студеното променливо време, модата во зима и најмногу од сѐ, украсувањето и подарувањето. Моето семејство отсекогаш организирало големи новогодишни прослави, а јас ја продолжувам таа традиција со мојата ќерка.

Каде ќе ги поминеш празниците?

Оваа празнична сезона заедно со моето момче планираме за прв пат, да ги споиме нашите семејства и да изнајмиме некоја куќа на планина. Не би ми пречело ниту ако се одлучиме за некоја топла дестинација, плановите секогаш може да се сменат.

Како остануваш „фит“ по празниците? Имаш ли некои тајни што сакаш да ги споделиш со нас?

За време на празниците, секому му е тешко да остане „фит“ со сите тие убави јадења и вино, но се обидувам да вежбам барем три пати неделно. Мојата најголема тајна се спа – центрите што често ги посетувам, покрај тоа што таму добро ќе се испотите, ќе ги спречите и сите болести!

Доколку се уште не одбравте подарок за вашата поубава половина или пак за вашите пријателки, понудата на Есте Лаудер е нешто што не смеете да го пропуштите!

Објавено:
25 ноември 2014
Категорија: 
Актуел