Стаклена елка висока 10 метри ќе ве воодушеви

6 декември 2017

Во овој предновогодишен период постојано одново се воодушевуваме на разни празнични декорации и атмосфера.

Овој пат вниманието ни го привлече стаклена елка висока десет метри, дело на брендовите „Lee broom“ и „Nude“.

Со заедничка креативност и работа тие го крерираа ова новогодишно дрво сочинето од дури 245 фигури, односно лампички.

Ова дело наречено како „Дрво од стакло“ се наоѓа во астриумот на три нивоа во ресторанот „Аква Шард“, кој пак се наоѓа на 31-от кат од „Рензо Пиано“ зградата во Лондон.

Иако на прв поглед можеби ви изгледа едноставно, сепак секоја од фигурите е изработена од рачно дувано стакло. Ламбите се индивидуални, поставени на одредено ниво, а потоа поврзувани со останатите за да се формира цело дрво.

Тоа што се работи за индивидуални парчиња, ќе овозможи потоа истите да можат да се симнат и да се продаваат, а приходите ќебидат донирани на британскиот Црвен крст.

Инаку, ова е најголемата структура што брендовите некогаш ја направиле.

„Сакав да создадам инсталација што ќе биде комплементарна со просторот, како отсекогаш да припаѓала таму. Сепак, имајќи предвид дека се работи за дело високо 10 метри, пренесувањето до 31-от кат на зграда висока 310 метри беше  макотрпно“, вели Брум за „Dezeen“.

Но, крајниот резултат е навистина неверојатен!

Објавено:
6 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
275 пати