Старото е ново за Италијанците

10 ноември 2014

Италијанската модна метропола- Милано, постојано пулсира во моден ритам, но изминатиот викенд  тоа се случуваше на поинаков начин. Тридневниот настан насловен „Милано Винтиџ Недела“ , во својата програма ги вклучи најдобрите изложувачи на винтиџ  парчиња кои ја претставуваат модата во период  од 60 години наназад.

Облека, костими, аксесоари, накит и предмети за во домот, претставуваа одлична можност да се пропатува низ времето. Винтиџ настанот е интересен од повеќе гледни точки нудејќи:  колекционери, професионалци и ентузијасти што специјално доаѓаат да ги понудат и купат специфичните парчиња.

Ако на тековните модни недели фокусот е ставен на новите колекции , винтиџ саемот се постави кон пронаоѓање на нешто поинакво, старо а сепак ново. Посетата на ваквите настани, само ја појаснува сликата за инспирацијата и директното влијание на модното творештвото од минатото. Од Шанел сакоа, па се до винтиџ копчиња, враторски, шапки, накит, очила за сонце, обувки , венчаници, фотографии, носталгично ги изострија сетила на посетителите, без премногу да се забележи забот од нивната старост.

Винтиџ неделата во Милано традиционално се одржува секоја година, а  љубителите и консументи  на поинаквиот стил и индивидуалноста, секоја година не пропуштаат да се „подноват“ и да ги пронајдат подзаборавените парчиња, кои за нив сè уште зрачат со уникатност и квалитет.

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Актуел