Стартуваше Serbia Fashion Week во Нови Сад

23 април 2015

Модната манифестација Serbia Fashion Week која завчера стартуваше во Нови Сад, уште со самата увертира покажа зошто овој настан важи за еден од најзначајните и највлијателните на балканската модна сцена. Модната недела во Србија привлекува голем број гости и учесници од странство, а за возврат испраќа убава слика за српските дизајнери во светот.

Неделата посветена на модата во Србија, беше отворена со авангарден перформанс чиј концепт го осмисли познатиот моден уредник и стилист Срѓан Швељо кој својата дефиниција за авангарда и ја долови на публиката на еден специфичен начин.  На ревијата проследена со музика во живо, можеа да се видат дизајни на креаторите Јелена и Светлана Проковиќ кои работат под ектикетата JSP, Јасмина Мина Санадер, Невена Крагиќ, Наташа Кекановиќ, Иван Џолиќ, Trash for Crash, Марија Дујовиќ, Мирјана Шарац, Дајана Васиќ, Никола Џуриќ и други.

Срѓан Швељо Срѓан Швељо

На ревијата присуствуваше и познатиот француски креатор за висока мода, Емерик Франсоа.

Емерик Франсоа Емерик Франсоа

Програмата на Serbian Fashion Week вклучува целодневни активности, работилници, модни ревии на повеќе од 50 дизајнери, изложби како и предавања на различни теми поврзани со модната индустрија под водство на професионалци од различни сфери.

Покрај домашните дизајнери Марина Миќановиќ, Василије Ковачев и Данијела Божиќ, Бата Спасојевиќ, Бошко Јаковљевиќ, Младен Миливојевиќ Барон и уште многу други пред српската публика ќе се претстават и повеќе дизајнери од странство, како и интернационални гости, меѓу кои за утре е најавена и ревијата на нашата дизајнерка Мила Кадриу.

Објавено:
23 април 2015
Категорија: 
Актуел