Стефано Габана го исмеа турбо фолкот

4 август 2014

Стефано Габана е добро запознаен со модната, но и музичката  балканска сцена, а тоа најдобро се докажува преку последниот пост на својот Инстаграм, каде има објавено песна од босанскиот фолк  пејач Фикрет Дудевиќ Пике.  Дизајнерот на објавата напиша – „Уживајте во оригиналниот турбо фолк од земјата на модата и медот, индиректно алудирајќи на филмот на Анџелина Џоли насовен „Во земјата на крв и мед“.

Доколку пејачот досега не бил познат надвор од својата земја, после овој пост е и повеќе од тоа благодарение на стиховите во песната која се вика „Гучи и Долче и Габана“. Ова не е прв пат креаторот да објави некоја интересна вест поврзана со Балканот, па така покрај истакнувањето на тоа дека е отворена кафеана со име „Долче и Кафана“, модната куќа минатата година ја пофали Северена за насловната на Ел, каде целосно гола позираше со круна од Долче и Габана

Ова беше уште еден доказ дека сопствениците на италијанскиот бренд многу добро знаат од кого и за какви цели се употребува името на нивната етикета.

Објавено:
4 август 2014
Категорија: 
Актуел