Стилска фотосесија на Северина - најава за новиот спот

27 мај 2016

Балканската музичка ѕвезда Северина изгледа светски во новата фотосесија што ја фотографираше познатиот фотограф Марко Вулевиќ, а е најава за спотот на песната „Секунде" што ќе биде промовиран во понеделник точно напладне на нејзината фан страна.

За потребите на новиот видео материјал Северина направи видлива трансформација во својот имиџ. Рокерски стил, кожена јакна со нитни и кратка платинеста перика – Северина знае како да биде во тек со трендовите, а со тоа постојано и да ја анимира својата публика.

Покрај тоа, на социјалните мрежи се појавија и гласини дека балканската пејачка повторно е бремена, но оваа информација до сега се уште не е потврдена.

 

Објавено:
27 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
596 пати