Стилските девојки на Елена Лука го освоија црвениот килим на „Story“ наградите

26 март 2019

Познатите личности од јавната сцена во Македонија вечерва се собраа во хотелот Александар Палас за да го проследат доделувањето на второто издание на Story наградите.

На црвениот килим во прекрасни изданија се појавија некои од омилените македонски дами од јавниот живот кои блеснаа со изборот на стилски парчиња наменети за оваа пригода.

Како и минатата година, така и оваа, дел од дамите одбраа впечатливи и уникатни креации од модната куќа Елена Лука со кои уште еднаш го потврдија статусот на стилски девојки.

Секогаш шармантната и омилена Лила Стојановска блесна на црвениот килим со одличниот избор на креација од Елена Лука, овојпат во неверојатно раскошно издание.

За пригодата таа одбра розов фустан со реси и длабоко деколте кој и прилегаше неверојатно, а надополнет со шминката во земјени тонови и високо врзаното репче навистина беше полн погодок. Таа ја освои наградата за „Инфлуенсер на годината“, а на бината им се обрати на сите млади и им порача дека најважно и примарно е да имаат сопствена професија, а дури потоа да се занимаваат со социјални мрежи, за што доби громогласен аплауз од сите присутни. 

Македонската актерка Драгана Левенска се одлучи за смирена и елегантна варијанта од добро познатата комбинација на црни панталони и бела кошула, но овојпат со широки ракави и украси од карнери во предниот дел на истата.

Нејзината одлична фигура направи таа да изгледа прекрасно во одбраните парчиња, давајќи му една смирена нота на целиот настан, но сепак, таа изгледа доволно впечатливо и уникатно во комбинација со залижаната коса и впечатливата шминка кои ги одбра за доделувањето на наградите.

Во поекстравагантно издание се појави македонската поп пејачка Наташа Малинкова која неодамна го промовираше новиот видео спот за песната „Кога не си ти до мене“ во кој одбра сценски и впечатливи тоалети од модната куќа Елена Лука.

И оваа вечер таа се појави во креација на брендот, овојпат во кусо црно фустанче без прерамки со впечатливи детали од тул во половината и во пределот кај рамото.

Истите совршено го надополнуваа и онака одличниот избор на пејачката која изгледаше супер стилски во оваа модна комбинација која неодоливо ѝ прилегаше на нејзиното тело.

Фустанот таа го надополни со чевли на потпетица и соодветна шминка и фризура и беше вистински погодок за овој настан.

Подеднакво прекрасно изгледаше и поранешната мис на Македонија и ѕвезда од новиот спот на Владо Јаневски, Вера Мештеровиќ која на настанот се појави во нежна и шармантна креација од модниот бренд. 

За пригодата таа одбра тесен фустан со сирена крој во нежна крем нијанса, целосно украсен со светкави мониста во предниот дел и карнери од тул во задниот и страничниот дел на фустанот.

Креацијата од модниот бренд Елена Лука и прилегаше навистина неодоливо со оглед на нејзината неверојатна фигура, а секако надополнета со нежна шминка и коса во минимални бранови.

Вистинска дива на наградите во црвена креација од модниот бренд беше секогаш прекрасната и уникатна Викторија Јаначковиќ која за настанот се одлучи за фустан со корсет и длабок шлиц на едната нога.

Истиот беше спој на интересен корсет од две бои и прерамки во горниот дел, додека надолу продолжуваше во раскошно свилено здолниште со набор кај шлицот на ногата. 

И оваа година дамите направија стилски избори кога е ваков настан во прашање, но ниту мажите не заостануваа зад нив. 

Новинарките на Fashionel во креации од модната куќа Елена Лука

За тоа која награда кому му припадна вечерва и целосна галерија од настанот, читате и гледате во следниот текст на Fashionel. 

Објавено:
26 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.546 пати