„Супер Боул 50“: Погледнете ги настапите на Coldplay, Бијонсе и Бруно Марс

8 февруари 2016

Јубилејното 50-то издание на „Супер Боул“ е спектакл што ниту еден Американец не би го пропуштил. Покрај спортскиот натпревар, она за што уште повеќе се зборува е настапот на ѕвездите на полувремето.

За тоа годинава беа задолжени групата „Coldplay“, Бијонсе и Бруно Марс.

Но, пред публиката да биде воодушевена од нивниот настап, Лејди Гага им даде домашна задача на сите, пеејќи ја американската химна. Никој не остана рамнодушен на нејзината изведба, а голем број од ѕвездите своите впечатоци веднаш ги пренесоа на социјалните мрежи.

Во црвено светкаво женско одело и светкави чевли на платформа, што го осликуваат американското знаме, Лејди Гага покажа дека е достојна за честа што ѝ е дадена.

Шоуто на полувреме пак го започнаа Coldplay, со микс на хитовите Viva La Vida, Paradisе и Adventure of a Lifetime, давајќи сè од себе  на сцената во форма на цвет.

Динамиката се зголеми со појавувањето на Бруно Марс и хитот Uptown funk, за веднаш потоа да се приклучи и Бијонсе. 

Освен хитот со Coldplay, Hymn of the weekend, Бијонсе ја изведе и својата нова песна Formation. 

И покрај тоа што пораката на шоуто требаше да биде моќта на љубовта и цвеќињата, Бијонсе со својот настап доминирааше комплетно, што го потврдија и странските медиуми кои коментираат дека таа им го украде шоуто на Coldplay. Згора на сè, нејзиниот настап имаше и силна политичка порака и конотација, што многумина различно го толкуваа.

Облечена во кожена јакна и боди (стајлинг инспириран од настап на Мајкл Џексон), Бијонсе беше придружувана од женска танцувачка група, која беше облечена како Black Panters, женска вооурежена група инволвирана во црнечкото движење во 1960-тите и 1970-тите. 

Всушнсот, како и новата песна, така и овој настап имаше за цел да ја стави во фокус црнечката моќ, што кај Афроамериканците беше поздравено со големо одобрување и воодушевување.

Сепак, постои и оној дел од публиката што коментира дека Бијонсе овој пат малку претерала. Бојкотот на Оскарите, видеото на Бијонсе за новата песна, како и овој настап, некои го толкуваат како нова револуција на Афроамериканците, што според многумина е претерана и неоснована реакција.

Како и да е, 50-тото издание на „Супер Боул“ не заборави и на оние ѕвезди што низ годините настапувале на оваа манифестација, па во полувремето беше вклучена и куса ретроспетктива на најдобрите настапи.

Во публиката присуствуваа и голем број познати личности, а нивните инстаграм фотографии од настанот погледнете ги во продолжение:

 

Објавено:
8 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.295 пати