Супер интересни содржини во новиот број на Cosmo магазинот

21 април 2017

Излезе новиот број на Cosmo магазинот со супер интересни содржини какви што впрочем можеме да погледнеме секој месец.

Во истиот ќе ги погледнете најдобрите модели чанти за оваа сезона, кои се хит фризурите за пролетните денови кои се пред нас, како до совршени усни кои се тајното оружје на секоја жена и уште многу интересни наслови.

Како и секогаш, ќе дознаете и свежи и нови модни вести, но ќе погледнете и кои се новитетите кога станува збор за козметиката, а кои секако можете да ги најдете во продавниците на Cosmo Tinex дрогерии.

Она што не смеете да го пропуштите од содржините во магазинот, се оние за тоа како на природен начин да го забрзате растот на вашата коса, советите и трикови за убави нозе во летниот период, но и тоа како да се справите со обврските кога ќе се вратите на работа после породилното отсуство.

Уште денеска поминете во некоја од продавниците на Cosmo Tinex и набавете си еден бесплатен примерок од магазинот, а до тогаш погледнете го во продолжение.

Објавено:
21 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
206 пати