Супермоделите од 90-те се реобединија за Балман

11 јануари 2016

За својата пролетна кампања 2016, Балман ги реобедини топ моделите од 90-те: Синди Крафорд, Клаудија Шифер и Наоми Кембел.

Моќните супермодели во овој состав, покажаа зошто и покрај годините, секогаш се атрактивни за модната индустрија. Пред објективот на култниот фотограф Стивен Клејн, докажаа дека годините значат само дополнително искуство во она што тие најдобро знаат да го прават.

Креативниот директор на париската модна куќа, Оливие Рустенг и самиот ќе каже дека овие жени се негови идоли, музи со кои имајќи ја шансата да соработува, остварил еден свој дамнешен, детски сон.
Нивното реобединување е гаранција за успешна кампања, особено ако се земе во предвид и фактот дека Оливие важи за еден од најобожуваните дизајнери од новата генерација.

Неговата пролетна колекција е олицетворение на женскиот сексапил изразен преку припиените силуети, транспарентните здолништа и фустани, нагласената половина со широки ремени...

 

Објавено:
11 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
754 пати