Светот се сеќава на впечатливата работа на фотографката Кејт Бери

13 декември 2013

Познатата фотографка Кејт Бери, инаку ќерка на прекрасната актерка Џејн Биркин и композиторот на музиката за „Џејмс Бонд“ Џон Бери, била пронајдена мртва на 46 – годишна возраст во Париз.

Се претпоставува дека таа паднала од прозорецот од нејзиниот стан на четвртиот кат, а се шпекулира и дека во станот биле пронајдени антидепресиви.

Кејт Бери беше една од најдобрите фотографки во светот, а нејзините фотографии беа објавувани во магазини како Вог, Сандеј Тајмс и на голем број изложби во Париз.

Манекенката Летиција Каста Манекенката Летиција Каста

„Одбрав професија што кажува нешто, нешто што можам да му го покажам на целиот свет“, неодамна изјави Кејт за еден француски магазин.

Многу од нејзините соработници ќе кажат дека таа била директна личност, неверојатно заинтересирана за облеката, фотографијата, сликањето...

Кејт заедно со нејзината позната мајка, актерката Џејн Биркин Кејт заедно со нејзината позната мајка, актерката Џејн Биркин

Таа неодамна својата работа ја прикажа и на една изложба во Париз под името „Point of view“.

Нејзините пријатели и соработници велат дека ќе ја паметат по нејзината единствена визија, несекојдневен и редок стил, по нејзината комплетна личност, по тоа што била одличен пријател и вистински професионалец.

Карла Бруни Карла Бруни

Во галеријата подолу можете да погледнете некои од нејзините прекрасни фотографии со некои од најпознатите светски ѕвезди.

Објавено:
13 декември 2013
Категорија: 
Актуел