Бројни познати личности летово одлучија да го посетат прекрасниот Дубровник, а последните денови од летото токму таму ги поминуваат некои од најпознатите светски блогерки.

Меѓу нив е и Кјара Ферањи која заедно со своите пријателки ужива во Дубровник и постојано објавува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил со повеќе од четири милиони следбеници.

Сосема очекувано, тие се сместија во една од најлуксузните вили на крајбрежјето каде уживаа во прекрасниот поглед во текот на нивниот престој.

Кјара заедно со нејзините пријателки, инаку сите блогерки, престојува во Хрватска на покана на луксузниот бренд Revolve Clothing каде покрај убавините на Хрватска, ги промовираат и нивните нови парчиња.

Ова е само уште една одлична реклама за Хрватска која летово беше избор на многу светски познати ѕвезди.

Објавено:
29 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.153 пати