Sweet 40+ избира Жена на годината!

2 декември 2019

Познатата онлајн платформа посветена на жените 40+, Sweet40+ избира Жена на годината!

Право на учество имаат сите жени над 40 години, а пријавувањето се реализира онлајн, на фан страната на Sweet40+.

Тука може да ја номинирате жената која според Вас заслужува да биде избрана за Sweet40+ Жена на годината и секако да образложите зошто токму таа ја заслужува титулата.

Од сите пријавени кандидатки ќе се направи потесен избор на десет финалистки, од кои жирито составено од претставнци на Елена Лука, дизајнери, уредникот на Fashionel.mk и генералниот менаџер и сопственик на брендот, Елена Пандева, ќе ја одберат Дамата на годината.

„Нашата #sweet40plus дама ќе добие уникатен подарок од модната куќа #ЕленаЛука.
Објавете фотографија од кандидатката што вие ја предлагате, означете ја на фотографијата и во коментар кажете ни зошто сте ја избрале токму неа", се вели во официјалната најава на Sweet40+.

Рокот за пријавување е до 10. декември.

Да ја избереме најдобрата!

 

Објавено:
2 декември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
992 пати