Sweet 40+: Сите кандидатки кои се пријавија ги очекуваме на големиот кастинг на 4. мај во ателјето на Елена Лука

23 април 2019

Во организација на етаблираната модна куќа Елена Лука и фан страната Sweet 40+, на 4.ти мај (сабота) со почеток во 12 часот во ателјето за венчаници на реномираниот бренд во Скопје, ќе биде реализиран големиот кастинг што ги опфаќа дамите 40+.

По огромниот интерес како одговор на повикот за отворен кастинг, организаторите ги покануваат сите дами кои што се пријавиле според претходно утврдените начела и ги повикуваат на убава дружба чија крајна цел е да се селектираат кандидатки кои ќе учествуваат во различни проекти во реализација на Елена Лука и Sweet 40+.

„Ги покануваме сите кандидатки кои пратија фотографии и податоци, да бидат дел и да учествуваат на отворениот кастинг во сабота, (4. мај) во ателјето за венчаници на Елена Лука во Скопје", велат организаторите во својата покана.

Како што велат од Sweet 40+, сите кандидатки кои ќе бидат одбрани, ќе имаат можност да учествуваат во различни, артистични едиторијали преку кои ќе се нагласи убавината и автентичноста на секоја возрасна група, нивната уникатност и зрелост во секој поглед, вклучително и нивната индивидуалност.

Се гледаме на кастинг!

Објавено:
23 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
904 пати