Тајната на успехот на Хермес

23 ноември 2013

hermes

Бавноста и постојаноста се клучот на победата, односно успехот на Хермес.

-Денеска се се врти околу медиумите, информацијата, се се движи толку брзо што сите можат да почувствуваат кога нешто не е во ред. Токму затоа Хермес го избира побавниот пат, создавајќи нешто автентично - изјави Кристофер Лемари, уметничкиот директор на брендот.

Тој и самиот се смета за „старомоден“ кога се социјалните медиуми во прашање, па дури и мејловите

-За среќа, мојата девојка се разбира одлично во тоа, таа е послична на оваа модерна генерација, кои се запознаени со веб мрежата и сите пропратни раб... - се пошегува Кристофер.

За него поважно е да се има чувство за перспектива.

-Се работи за времето, бидејќи тоа е вистински луксуз, за квалитетот на врските, но и квалитетот на врските помеѓу луѓето. Кога дојдов во Хермес како дизајнер, се чувствував многу добродојдено - разменувавме идеи, дијалози, поддршка. Сметам дека е штета што модата стана војна, со многу притосоци, па дури и насилство, па младите дизајнери мора да бидат многу издржливи, бидејќи за нив е особено тешко- вели директорот и додава:

-Хермес е специјален по тоа што има силна работна култура. Многу наликува на семејство каде сите се вклучени. Но, кога ќе дојдете во оваа модна куќа, морате да ја разберете убавината на тоа - вели Кристофер.

 

Објавено:
23 ноември 2013
Категорија: 
Актуел