Џани Версаче моден дизајнер

Така зборуваше Џани Версаче

23 мај 2017

Да се биде легенда  во модниот свет подразбира ризик кој би требало да се преземе и на тој начин да создадеш империја вредна милиони долари како што тоа го има направено Џани Версаче.

Неговиот бренд го наследи неговата сестра Донатела која и покрај сомнителноста дали ќе успее да продолжи исто толку успешно како и нејзиниот брат ја следеше неколку години после убиството на Џани, пред неговата вила во Мајами.

Еден од најконтроверзните ликови што некогаш се појавиле на модната сцена беше токму тој. Џани бил страствен љубител на уметноста особено на кубизмот и арт деко од каде и потекнува неговиот симбол Медуза на брендот Версаче.

Негови блиски пријатели биле Џејн Фонда, Синди Крафорд , Шер, Елтон Џон.
Серискиот убиец Ендрју Кјунан го застрелал пред портата на неговиот дом. Таа вест ја шокираше целата светска јавност. Оваа животна приказна е предлошка за сценарио за серија од серијалот Американска криминалистичка приказна „Версаче“ во која играат Пенелопе Круз, а се појавува и Рики Мартин.

Има неколку мисли  по кои ќе го паметиме овој моден дизајнер:

1.Нашата работа треба да ги натера луѓето да сонуваат.
2.Не сум заинтересиран за минатото, освен за оној пат кој ме води кон иднината.
3.Искрено верувам дека жените се посилни од мажите.
4.Одлучи што сакаш да бидеш, каква порака сакаш да испратиш со креацијата и начинот на кој сакаш да живееш.
5.Добро е да имаш здрава конкуренција, те мотивира да бидеш подобар.
6.Го сакам телото, сакам да дизајнирам се што е поврзано со човечкото тело.
7.Жената е онаа која ги предизвикува сите промени на сопстениот имиџ, а не креацијата на дизајнерот.

 

Објавено:
23 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
240 пати