Талентираната Славица Ангелова прекрасно стилизирана во авангардни дизајни на Елена Лука

1 јули 2019

Младата 17-годишна Славица Ангелова, исклучително талентиран вокал, беше една од финалистките на шоуто „Ѕвезда број еден", па викендов имавме можност да ја гледаме на сцената на МНТ каде што се одржуваше финалето.

По одличниот настап, ја искористивме приликата да се дружиме со неа, а воедно и да ја фотографираме со оглед на тоа дека освен со моќниот вокал, вниманието ни го привлече и со авангардните аутфити што ги потпишува реномираниот моден бренд Елена Лука.

Во едната варијанта беспрекорно елегантна, а во втората моќна и впечатлива, ви посочуваме две сосема различни, а истовремено подеднакво префинети уникатни, стилски изданија со потписот на Елена Лука.

Макси тоалета, што ја следи линијата на телото, со суптилно деколте – беспрекорна и безвременска елеганција што совршено ѝ прилега...

Вториот стајлинг е исклучително моќен, шармантен и смел – впечатлив од секој аспект. Во панк фазон, авангарден дизајн што вклучува игра со текстури и детали, ултра модерен и шик.

 

Објавено:
1 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.819 пати