Татко и син неодоливо танцуваат во чест на победата врз ракот

22 октомври 2019

Кристијан Томас бил роден со Даунов синдром, а додека сè уште бил многу малечок, му била дијагностицирана и леукемија.

Но, тој неколкупати докажал дека е голем борец, па така по бројните терапии, 11 месеци подоцна, го победил ракот.

Неговиот татко Кени Томас е професионален танчер, а неговиот талент можете да го видите на видеата што постојано ги објавува на Инстаграм.

Тоа беше случај и со последното кое за кратко време стана вирално, а на кое се гледа како Кени танцува со неговиот син Кристијан во име на победата врз страшната болест.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Dancing Dad (@kennyclutch_) onOct 18, 2019 at 1:09pm PDT

Видеото за кратко време доби голем број на прегледи, а успеа да стигне и до најгледаната утринска програма „Good morning America“.

„Кристијан имаше само 14 месеци кога му беше дијагностицирана леукемија. Тој е роден со Даунов синдром и со ретко нарушување во крвта. Кога дознавме за дијагнозата, нѝ рекоа дека мора да го оперираат истиот ден. Знаевме дека за да го победиме ракот мора да сме полни со позитивна енергија и многу да се молиме“, изјавил Кристијан за Bored Panda.

За време на тешкото патување и соочување со предизвиците, Кени постојано правел видеа што ги објавувал на Инстаграм профилот, а танцувале секогаш кога ќе чуеле позитивна вест.

Така било и овојпат, се надева засекогаш. Погледнете го преслаткото видео.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Dancing Dad (@kennyclutch_) onOct 16, 2019 at 6:19am PDT

 Инфо: Bored Panda

Објавено:
22 октомври 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
815 пати