Тејлор Свифт меѓу домаќините на Мет Гала 2016

14 октомври 2015

Една од најизвиканите ѕвезди на денешницата, Тејлор Свифт, ќе биде еден од домаќините на престижниот настан Мет Гала 2016 закажан за втори мај во Њујорк, соопштија од музејот Метрополитен каде традиционално и се одржува. Со тоа таа се приклучува на елитното друштво што го сочинуваат уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур, Џонатан Ив, Карл Лагерфелд, Никола Гескиер и Миуча Прада.

Темата на претстојната Мет Гала ќе биде иднината, инспирирана од изложбата на американскиот Институт за костими насловена „Модата во ерата на технологијата".
Во рамките на оваа изложба ќе бидат прикажани дела изработени и рачно и машински, со цел да се прикаже врската помеѓу двете техники на изработка.

Како и секоја година и овој пат темата е исклучително инспиративна, па сигурно ќе им помогне на познатите што ќе присуствуваат да ги осмислат најкреативните аутфити со футуристички предзнак.

Објавено:
14 октомври 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
370 пати