Тиби Магугу: Првиот дизајнер од Јужна Африка што го освои Луј Витон!

6 септември 2019

Фантастичниот и ултра талентиран млад дизајнер Тиби Магугу годинава ја освои главната награда на престижниот конкурс што секоја година го организира луксузната групација LVMH.

Магугу всушност е првиот дизајнер од Јужна Африка што добива вакво признание и можност да работи со планетарно популарниот бренд и да напредува во кариерата.

10 magazine

Тој има 26 години и доаѓа од Јоханесбург, а беше избран од свеченото жири во кое групацијата годинава ги вклучи Марк Џејкобс, Никола Гескјер, Марија Грација Кјури, Умберто Леон, Керол Лим, Џонатан Андерсон и Клер Вајт Келер.

Како победник на годинешниот конкурс, талентираниот Магугу освои 300.000 евра и една година работа под менторство на познатите дизајнери од жирито.

Cnn.com

Оваа година беа пријавени повеќе од 1.700 млади дизајнери од 100 земји ширум светот, но неверојатните дизајни на Магугу дефинитивно ги освоија сите.

Инаку, тој има завршен моден дизајнер во Јоханесбург, а долго пред да работи на женската колекција, тој се занимавал со фотографија.

Cnn.com

„Мојата мисија како дизајнер е да му ја прикажам на светот современата Јужна Африка. Многу луѓе имаат погрешна идеја за нас и сакам да го променам тоа. Постојат многу креативци што вршат одлична работа во Јужна Африка. Многу сакам да патувам низ светот, но исто така сакам да останам во Јужна Африка бидејќи таму секогаш ја хранам мојата креативност“, вели младиот Тиби.

Twitter

Le Point LVMH

Twitter

 

Vogue

Vogue

Инфо: Vogue.com, Hypebeast.com

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
315 пати