Timberland Македонија ве повикува на фото-натпревар

11 март 2019

Од денес, 11.03.2019, па сè до крајот на месец март, Timbеrland Македонија ги повикува сите вљубеници во фотографијата да учествуваат во фото натпревар, во кој ќе го прикажат своето омилено место во Скопје за бегство од градскиот метеж.

Koја е вашата оаза сред урбаниот хаос?

Правила на натпреварот се следни:

Направете фотографија од Вашето омилено место за бегство од секојдневниот градски метеж. Локацијата треба да биде во Скопје, место кое вие сметате дека е уникатно и смирувачко – оаза сред урбаноста, а фотографијата треба во целост да го долови духот на местото кое го претставувате.

Фотографиите означете ги со хаштаг #escapeanywhereskopje и испратете ги на timberland@fashiongroup.com.mk.

Натпреварот трае од 11.03 до 31.03.2019. Победниците ќе бидат прогласени на 05.04.2019 година. Фотографиите ќе ги оценува жири, чиј состав дополнително биде објавен.

„Најдобрите две фотографии ќе добијат награда – производи од Timberland (колекцијата Brooklyn или Delphiville), a следните двајца ќе добијат картички со попуст. Во натпреварот може да учествува секој, а особено ги охрабруваме полу-професионалните и професионалните фотографи да земат учество“, велат од Fashion Group Macedonia.

 

Објавено:
11 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
164 пати