Тој е најсексапилниот маж во светот

19 ноември 2014

Американскиот магазин „Пипл“  го прогласи австралискиот актер Крис Хемсворт за најсексапилен маж на светот за 2014 година. Русокосиот синоок шармер е најпознат по улогата на Тор во истоимената филмска серија, а ја играше и улогата како пилот на формула еден, Џејмс Хант во филмот „Rush“, како и улогата во новиот „Ѕвездени патеки“.

Хемсворт, по повод добивањето на ласкавата титула изјавува дека за истата е благодарен на своите родители. 31-годишниот актер е реализиран маж кој покрај блескавата кариера има три деца. Шегувајќи се за признанието, тој  вели дека истото му дава право долго да им се фали на најблиските и жена си.

-Сега можам да и кажам: „ Сети се дека повеќе луѓе мислат дека не морам да мијам садови и менувам пелени. Сега сум над тоа. Успеав“!, духовито раскажува најсексапилниот маж во светот во интервјуто за магазинот.

Инаку, претходни добитници на титулата се: Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џорџ Клуни, Шон Конери, Бен Афлек, Адам Левин. Актерот Мел Гибсон е уште еден Австралиец  кој беше првиот победник во далечната 1985 година.

 

Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Актуел