Том Форд е новиот претседател на Советот на модни дизајнери на Америка

20 март 2019

За Советот на модните дизајнери на Америка (CFDA) започнува нова ера, откако вчера официјално Том Форд беше прогласен за нов претседател и ја замени дизајнерката Дајан фон Фурстенберг која на челната позиција беше 13 години.

Форд официјално ќе ја преземе функцијата на први јануари 2020 година.

По повод неговиот нов професионален ангажман, тој изјави:

„Ја имав привилегијата да бидам член на CFDA многу години и искусив што овој Совет прави за своите членови и за индустријата генерално. Живеев и работев во сите модни метрополи низ светот и ќе се залагам и во понатамошната соработка со бордот на директори да бидам гласот на американската мода и американските дизајнери".

Извор: Harper's Bazaar

Фото: Getty images

Објавено:
20 март 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
186 пати