Томи Хилфигер во одбрана на Меланија Трамп

28 ноември 2016

Откако минатата недела дизајнерката Софи Тиле, која беше задолжена за стилот на Мишел Обама, изјави дека нема да креира за Меланија Трамп и дека се надева како и останатите дизајнери ќе ја подрржат, реакциите не стивнуваат.

Таа во отворено писмо споделено на нејзиниот Твитер профил, упати апел до модната индустрија да протестираат против Трамп, така што ќе одбијат да дизајнираат за неговата сопруга Меланија.

Софи Тиле

„Брендот „Софи Тиле“ се бори против било кој вид на дискриминација и предрасуди. Нашите ревии, кампањи, реклами, и креации за познатите секогаш ја славеа различноста и го рефлектираа светот во кој живееме. Свесна сум дека не е паметно да се биде вклучен или „вовлечен“ во политиката. Како сопственик на семејна компанија, кај нас не се сведува сè на пари. Ние ја вреднуваме нашата уметничка слобода и секогаш скромно сме биле во потрага и сме придонесувале за уште поголема човечност, свест и етичност при креирањето во овој свет.

Како имигрант во оваа земја, бев благословена со можноста да ги остварам моите соништа во САД. Облекувањето на Првата дама Мишел Обама во изминативе осум години беше врвот и огромна чест. Таа придонесе нашето име да биде препознатливо и почитувано во светот.

Нејзините дејствија, вредности и милост секогаш одекнуваа во мене.

Како некој што ја слави и поддржува различноста, индивидуалната слобода и почит кон сите животни стилови, нема да учествувам во креирањето облека или да се поврзам на било кој друг начин со идната Прва дама. Реториката полна со сексизам, расизам и ксенофобија отпочнати во кампањата на нејзиниот сопруг, се инкомпатибилни со вредностите со кои ние живееме.

Ги охрабрувам моите колеги дизајнери да го сторат истото. Интегритетот е нашиот единствен и вистински крвоток.“, се вели во писмото.

Тоа наиде на голема поддршка и одобрување, па дизајнерите Дајан фон Фурстенберг, Џозеф Алтузара, Маркус Вајнрајт, Дао Ји Чоу се дел од оние што го прифатија апелот на Софи Тиле.

Недела дена подоцна, првиот дизајнер што застана во „одбрана“ на Меланија Трамп е Томи Хилфигер.

На прашањето од WWD, што мисли за писмото на колешката Тиле, тој изјави:

„Сметам дека Меланија е многу убава жена и секој дизајнер треба да биде горд да ја креира облека за неа. Мислам дека луѓето не треба да го политизираат тој дел. Секој беше среќен да креира нешто за Мишел... нема да добиете некој многу поубав од Иванка или Меланија“, се вели во изјавата.

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.015 пати