Тони Матичевски е моден лауреат на Австралија за 2016

27 октомври 2016

Еден од најуспешните австралиски модни дизајнери кој инаку е со македонско потекло, Тони Матичевски, е прогласен за моден лауреат на Австралија за 2016 година, која важи за една од најпрестижните модни награди во оваа земја.

Генијалниот креатор наградата ја прими на манифестацијата Моден лауреат на годината што се одржа во исконската „Opera House" во Сиднеј.

Неговата дизајнерска естетика која има значајно влијание во глобалниот моден свет, е препознатлива по скулптуралните форми, перфектниот крој и женственоста, благодарение на што стана еден од омилените дизајнери на холивудските дами.

Во неговата 20-годишна кариера, оваа година ќе се запише како една од најуспешните.

Објавено:
27 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
327 пати