Топ македонски машки модели

10 јули 2017

Здравото и негувано тело, е еден од основните предуслови за успешна кариера како модел.
Една од најзначајните професионални обврски на сите кои сериозно се занимаваат со оваа професија, е токму грижата за своето тело кое секогаш треба да биде во добра кондиција и во одлична форма.

„Специјална исхрана, квалитетно селектирани производи, ниско калорични оброци, кардио вежби и целосна нега на телото може да доведат до големи резултати", советува Алек од Моделс Ин, кој долги години е во оваа професија.

Тој посочува дека покрај убавиот лик, исто толку значаен фактор за еден професионален модел е и негуваното и фит тело, а истото се однесува и на женските и на машките модели.

Како пример тој ни посочува неколку атрактивни машки модели, чија матична агенција е „Моделс Ин", а кои исто така имаат потпишано договори и со интернационални агенции.

Серџо Спасов - Фитнес Модел 


Виктор Пецев - Фитнес Модел

 

Елтон Мисими - Интернационален Модел (Бест Модел 2017)


Елмедин Ајдари - Фитнес Модел


Павле Николовски - Интернационален Модел

 

Објавено:
10 јули 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.531 пати