Трета по ред неуспешна кампања на Џејсон Ву

25 декември 2013

Во тој контекст е и новата кампања на Џејсон Ву која трет пат по ред предизвикува негативни критики. Концептот е следен: дизајнерот е на вечера со убава манекенка која се однесува неморално на јавно место, а при тоа храната од масата воопшто не е чепната и можеби не би било ништо погрешно доколку еден од главните протагонисти не е самиот дизајнер и тоа трет пат по ред!

За колекцијата пролет/лето 2013 покрај дизајнерот учествуваше Стефани Сејмур. За кампањата есен – зома 2013 година Ву ја избра Кристи Тарлингтон, а овој пат честа ја имаше Керен Елсон. Форумите вријат со негативни коментари за дизајнерот и тоа дека не поседува предиспозиции да биде фотомодел или пак манекен и дека трет пат по ред ги разочарува со своите кампањи.

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Актуел