Твоја матура наш стилист-проект на ТЦ Рамстор и Олгица Ѓоргиева

9 април 2014

Трговскиот центар Рамстор и модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева ќе им помогнат на матурантите да ја одберат својата совршена матурска комбинација и да заблескаат на матурската ноќ.


Рамстор Мол од денеска ја започнува кампањата “ТВОЈА МАТУРА НАШ СТИЛИСТ” и ги повикува сите матуранти да ја посетат Facebook страната на трговскиот и да ја дополнат следната реченица со најкреативен одговор: Мојата матурска вечер не може да помине без ...
Најкреативните десет матуранти ќе добијат можност да остварат средба со познатата модна дизајнерка Олгица Ѓоргиева и заедно во продавниците на трговскиот да ја пронајдат совршената матурска комбинација.

Освен стилските совети кои ќе ги добијат од Ѓоргиева, матурантите ќе имаат можност парчињата облека, накит, обувки кои ќе ги одберат да ги добијат со специјално матурско намалување.
Од трговскиот најавуваат дека покрај попустите за матурантите ќе следуваат и специјални подароци.

Најкреативните одговори матурантите може да ги испраќаат на Facebook страната на Рамстор до 14-ти април.

Изборот на матуранти ќе биде објавен на 15-ти април, а средбата со стилистот ќе се одржи наредните два дена во Рамстор.

 

 

 

 

Објавено:
9 април 2014
Категорија: 
Актуел