Уникатен 3Д фустан

27 јуни 2013

Станува збор за футуристички дизајн на уникатен 3Д фустан направен од специфичниот вид најлон, а креацијата е таква што овозможува максимална слобода на движењето на телото. Фустанот е црн и нареден со 13 000 црни кристали, длабоко V деколте, волуменизирани рамења и тежи само пет килограми.  Како заштитно лице за овој фустан дизајнерот ја избра сензуалната Дита вон Тиз, па благодарение на нејзините облини, фустанот се претстави токму во вистинското светло.

Мајкл Шмидт е омилен дизајнер на голем број селебрити, меѓу кои се Лејди Гага, Мадона, Шер, Ријана и Ози Озборн.

Објавено:
27 јуни 2013
Категорија: 
Актуел