Утре започнува Саемот за венчавки во Скопје

13 март 2014

Викендов во Скопје ќе биде во знакот на четвртиот по ред Саем за венчавки кој ќе се оддржи од 14-ти до 16-ти март во хотелот Александар Палас.

Единствениот македонски саем за венчавки кој овозможува на исто место да најдете се што ви е потребно за вашата свадба, е во организација на интернет магазинот специјализиран за венчавки, vobelo.com.

Преку 40 изложувачи на овој традиционален саем ќе ја презентираат својата нова програма, која се однесува на различни аспекти во организацијата на свадбената свеченост. Ќе можат да се погледнат новите линии на венчални фустани, машки костуми, фотографи, декоратери, накит, торти, други изненадувања ги очекуваат посетителите на саемот.

Во рамките на настанот ќе бидат организирани и модни ревии на кои ќе се претстават повеќе модни ателјеа со свечен програм и нови колекции на венчаници.

На саемот ќе бидат присутни и продукциите за свадбена кинематографија: „Зага Продукција“ од Битола и „Зебра Продукција“ од Охрид, како и една од најдобрите европски производители на свадбени торти „TheBritishWay“.

Со пригоден коктел, модна ревија на која ќе се претстават најдобрите венчаници и машки костуми и музичко шоу на Александар Белов на 14ти март во 20:00 часот ќе се означи свеченото отварање на саемот за венчавки, а следните два дена, 15 и 16 март се отворени за посетители од 09:00 до 20:00 часот.

Во текот на двата саемски денови се закажани повеќе модни ревии и презентации.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Актуел