Вака изгледаат жените после пораѓај!

21 мај 2018

Веројатно и вие како и поголемиот дел девојки ширум светот ја следите популарната манекенка и водителка Криси Тиген на социјалните мрежи, која постојано објавува супер реални фотографии и натписи од секојдневниот живот.

Последно, таа објави фотографија на која можеме да ја видиме облечена во пост – породилна долна облека, како го дои бебето старо четири дена, без шминка и изморена, но полна радост.

Како што ќе каже, таа е на мисија да ја прикаже реалната слика на тоа како вистински изгледаат жените после пораѓај и како всушност ги поминуваат првите денови кога ќе дојдат дома со бебето.

На фотографијата се гледа и нејзината двегодишна ќерка Луна која во позадина си игра со мини харфа, додека Криси во раката држи спакувано овошје со сличен изглед како оној на нејзината долна облека.

Со ова, таа се потсети на шегите на популарната комичарка Али Вонг чии настапи можете да ги гледате на Нетфликс, а која секогаш се шегува околу мајчинството, доењето, уморот и сè она со што се справуваат жените откако ќе добијат бебе.

Таа напиша статус на Твитер кој се однесуваше на компликациите што се случиле при породувањето, а се однесуваат на перинеалните солзи како појава што може да се случи и е исклучително болна.

На социјалните мрежи таа наиде на огромно воодушевување, а во дискусијата се приклучија и голем дел од познатите дами меѓу кои и Џесика Алба, Џејми Кинг, Наташа Бедингфилд и многу други кои споделија нивни искуства.

На фотографијата се гледа и нејзиното стомаче кое останало по породувањето, а на големо воодушевување на нејзините женски фанови кои напишаа дека токму така треба да изгледа жена по породување, без да подлегне на притисокот од општеството дека секогаш треба да изгледаме совршено.

Инаку, Мајлс Теодор Стивенс е второто дете на популарната манекенка и нејзиниот сопруг Џон Леџенд кои претходно ја имаат двегодишната Луна.

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.720 пати