Без разлика за каков настан станува збор, денеска речиси сите работи ги дознаваме од социјалните мрежи, а така е и со ревиите на модните недели за кои прво се зборува на Инстаграм.

Но, тоа не било отсекогаш така. Пред многу години, дизајнерите ревиите најчесто ги одржувале во нивните ателјеа или во некои мали локали со мал број на гости, за разлика од денешните помпезни настани.

Тогаш, за првите фотографии се чекало со часови или недели во зависност од тоа каде се објавувале, дали во весник или некој месечен моден магазин.

Гостите најчесто биле музите на дизајнерите, модни критичари и по неколку истакнати новинари кои уживале во ревиите и на хартија веднаш ги пренесувале нивните впечатоци од колекцијата.

На почетокот на модните недели, манекенките често носеле бројче во рацете за да можат гостите да видат како некое парче од каталогот изгледа вистински на манекенка.

Во 80 – тите и 90 – тите на сцената се појавиле модели кои внеле живост во целиот тој свет и на модните ревии, а некои од нив се активни и обожувани и денеска.

Во галеријата погоре, ви пренесуваме дел од атмосферата на модните недели односно ревиите низ годините, кога не постоеле дами со мобилни во првите редови кои во живо го пренесуваат секој модел од колекцијата.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
15 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
179 пати