Ваква музичка соработка никој не очекуваше!

26 јануари 2015

По кратка пауза, Ријана се враќа на музичката сцена со соработка за која никој не веруваше дека некогаш ќе се случи.

Нејзината нова песна се вика Four Five Seconds, а за истата таа се „здружи“ со Сер Пол Мекартни и Канје Вест.

Откако таа ја објави информацијата за лансирањето на нејзината песна посочувајќи дека ова е само мал дел од новата музика што следува, нејзините обожаватели ги преплавија социјалните мрежи со коментари на исчекување.

Засега, песната може да се симне само од нејзината официјална страница, односно од iTunes.

Според оние што имале можност да ја слушнат песната, станува збор за малку поинаков стил од оној на кој сме навикнати од Ријана и Канје, а нешто поблизок до оној на Мекартни.

Во песната, и Ријана и Канје пејат, иако сите очекуваа дека тој ќе има и дел во кој рапува, по што всушност е и познат.

Иако тој е нов во оваа соработка, Канје и Ријана досега имаат неколку заеднички песни, од кои најуспешна беше онаа со Џеј Зи „Run this Town“ која достигна бројни успеси на топ листите ширум светот.

Сите големи обожаватели на Ријана песната можат да ја симнат на следниот линк, а дел од песната може да слушнете на нејзиниот Инстаграм профил.

Објавено:
26 јануари 2015
Категорија: 
Актуел