Ванеса Редгрејв е новата „Гучи“ дама

20 септември 2016

Иако откако дојде Алесандро Микеле во „Гучи“, акцентот беше ставен на облека за млади, брендот овој пат изненади.

За најновата кампања за Ресорт 2017 колекцијата, тие ја повикаа легендарната 79-годишна актерка Ванеса Редгрејв да биде нивно заштитно лице.

И таа прифати да биде „Гучи девојка“ односно дама. Оваа информација беше доволен повод сите да се заинтересираат што ново ќе произлезе од овој италијански бренд.

За сега се објавени само неколку фотографија и кратко видео и тоа на Инстаграм профилот на брендот, но од приложеното се гледа дека Редгрејв носи елегантен фустан со цветен принт, препознатлив за „Гучи“.

Инаку, модната куќа ќе ја претстави својата нова колекција на претстојната модна недела во Милано, каде веруваме ќе биде присутна и легендарната актерка, која во моментов го промовира нејзиниот најнов филм „The Secret Scripture“.

 

 

A photo posted by Gucci (@gucci) onSep 20, 2016 at 3:59am PDT

Објавено:
20 септември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
262 пати