Вчера заврши ФКТ “Ристо Шишков”, денеска почнува ИФФК “Браќа Манаки”

14 септември 2013

Вчера финишираше 21-то издание на Фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица, со доделување на наградите на најзаслужните театарски дејци според жирито предводено од минатогодишниот добитник на златниот медаљон, Никола Ристановски.

Годинава за прв пат највисокото признание го доби странски актер, Словенецот Нико Грошич.

Наградата за најдобра режија ја доби Југ Радивојевиќ за претставата „ Јовча“, за најдобра претстава беше прогласена „Изгубени Германци“ на Слободан Унковски, а во изведба на актерите од МНТ. За најдобро театарско истражување наградата ја понесе приватниот проект на Криса Јоаниду „Човекот кој…“, а за најуникатни театарски изведби наградите ги понесоа екипите на претставите „Грав“ и „Столови“ и двете во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Екипата на Fashionel од Струмица сега се лоцира во Битола, каде денеска е официјалното отворање на Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки” од каде ажурирано ќе ги следиме сите содржин, особено со акцент на црвениот килим.

 

Објавено:
14 септември 2013
Категорија: 
Актуел