Вечер во чест на Кејт Бланшет

18 ноември 2015

Традиционалната гала вечер што ја организира кинематографскиот оддел во рамките на Музејот на модерни уметности во Њујорк (МоМА), што се одржа вчеравечер, оваа година беше посветена на генијалната актерка Кејт Бланшет.

Одлуката оваа година Бланшет да биде одликувана со престижното признание на MoMa Film Benefit, како што нагласуваат организаторите, се должи не само на нејзините високи постигнувања во актерската кариера, туку и на нејзината пасија и желба за експериментирање.

Бланшет во својот говор, акцентот го стави на човечките вредности.

„Сите мои напори изгледаат неуспешни поради целата ситуација што се случува во Европа и на Средниот Исток: ужасни настани, илјадници бегалци, а ситуацијата станува се покомплексна и непредвидлива. Можеби звучи како изговор, но понекогаш добиваш шанса да кажеш многу значајни и суштински работи, а оваа прилика за мене дефинитивно е една од таквите", вели актерката во своето емотивно обраќање.


Помеѓу бројните гости што и дадоа поддршка на актерката се и нејзините познати колеги и колешки: Руни Мара, Ралф Фајнс, Дајан Кругер, Рејчел Рој и многу други.

Инаку актерката која периодов е актуелна со улогата во филмот „Керол", неодамна се фотографираше за едиторијал за магазинот W, во кој фокусот е на авангардните филмски костими што и самите фотографии потпишани од Тим Вокер, ги прават фантастични уметнички дела.

Објавено:
18 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
176 пати