Весела новогодишна кампања на H & M

14 ноември 2015

По празничната кампања во која главното лице беше Кејти Пери, H & M продолжува со објавување на новогодишните кампањи, овој пат со прекрасната Џордан Дан која заедно со Наташа Поли ги презентира нивните одлични парчиња.

Дел од кампањата се супер топли парчиња, најчесто џемпери, долги плетени фустани, здолништа и шик фустани за дочекот на најлудата ноќ. 

Секое парче од колекцијата е олицетворение на зимскиот шарм и топлина во која едвај чекаме да уживаме. 

Брендот за оваа зима препорачува и одлични и топли чизми за сите вкусови, па така дел од нивната кампања се едноставни, ниски црни чизми, но и високи што одлично се комбинираат со секое ваше фустанче. 

Во пресрет на белата зима и топлите празници, погледнете ја кампањата на брендот.

Објавено:
14 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.848 пати